ТЕНИС
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот, кој се игра во главниот град на Романија, Букурешт, откако ја победи со 2-0 во сетови по два часа игра, претставничката на Финска, Лаура Хиетаранта.
Ѓорческа, која одлично игра на овој турнир, првиот сет го освои откако направи три брејка на сервисот на ривалката и го доби со 6-3, а и вториот сет го освои со истиот резултат.
Македонската тенисерка во полуфиналето ќе игра со претставничката на Грција, Деспина Папамихаил, која, пак, во четврт-финалето ја победи Романката Марија Попа. Победничката ќе се пласира во финалето. Г.И.