Пожарот што денеска избувна во боровата шума над селото Слупчане, општина Липково е целосно локализиран и ставен под контрола. Во моментов екипите работат на негово целосно догаснување, изјави директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али.
Тој информира дека во акцијата се ангажирани 10 припадници на „Национални шуми“ – подружница Куманово со две специјализирани возила за гаснење шумски пожари, Противпожарната единица од Куманово со едно возило и месното население.
ЦУК наведува дека директорот Али е на терен, ја координира целата акција за гаснење и ги следи активностите на сите ангажирани екипи.
Вкупно 10 пожари на отворен простор се регистрирани до 12:00 часот. Од нив активни се шест, еден е под контрола, а изгаснати се три.