Спасувачите веќе три дена трагаат по најмалку 150 исчезнати лица на северот на Пакистан, каде во монсуните загинаа 350 луѓе, соопшти денеска пакистанската служба за вонредни ситуации.
Само во округот Бунер, „најмалку 150 луѓе веројатно се заробени под урнатините на нивните домови или се однесени од водата“, изјави официјален претставник на службата за вонредни ситуации.
Од четвртокот, монсунските дождови предизвикаа поплави, пораст на нивото на водите и свлечишта. Жртвите загинаа во порои, при уривање на нивните домови или од електричен удар.
Летниот монсун носи 70 до 80 отсто од годишните врнежи во Јужна Азија, меѓу јуни и септември.