Фото: Приватна архива

Сузана Спасовска и Благоја Грујовски ќе настапат во ревијалниот дел на Фолк вечерта на фестивалот Охрид- фест, Охридски трубадури која ќе се одржи на 29 август на сцената на „Долни сарај“ во Охрид.

– Ќе ги слушнеме по подолго време со нова песна и песна што била изведена на овој фестивал – вели Љупчо Соколовски, уметничкиот директорот на Фолк вечерта.

Тој ветува висококвалитетна музика на 32. издание на фестивалот.

Фото:Охрид фест

– Благоја Грујовски ќе настапи со песната ‘Ноќва Охрид не спие’, која беше победничка на минатогодишниот фестивал , а Сузана Спасовска ќе настапи со песната ‘Невеста охридска’ , која за првпат ќе слушнеме на сцената на Долни Сарај“, вели Соколовски.

Фото:Охрид фест

Интернационалната вечер ќе се одржи на 30 август, и како што е веќе најавено, специјални гости ќе бидат Оливер Мандиќ и Сашо Гигов- Гиш кои ќе бидат наградени за безвременски хитови. Како гостин доаѓа и менаџерот Рака Мариќ кој ќе добие награда за особен менаџерски придонес во популарната музика.

Фото. „Охрид фест„