Суперкупот на УЕФА се игра од 1973 година, а досега се одржани 49 вакви натпревари, од кои 42-от во Скопје, во 2017 година. Најтрофеен е Реал Мадрид со шест победи. Пари сен Жермен и Тотенхем вечерва во Удине играат за прв триумф во Суперкупот на УЕФА
ФУДБАЛ
Јубилејното 50-то издание на Суперкупот на Европската фудбалска унија (УЕФА) се игра вечерва (од 21 ч.), во Удине (Италија), помеѓу европскиот првак Пари сен Жермен (Франција) и победникот на Лига Европа, Тотенхем (Англија).
– Целта за претстојната сезона е да се подобриме. Во однос на титулите, ќе биде потешко, бидејќи има уште за што да се игра, но во фудбалска смисла мислам дека ќе се подобриме како тим, и во нападот и во одбраната. Верувам дека уште можеме да идентификуваме фази од играта во кои треба да се подобриме. Во однос на титулите, сакаме да бидеме подготвени да се бориме за сите. Секако, сите веруваме дека можеме да ги освоиме сите и да го повториме подвигот годинава, што би значело да влеземе во историјата на вистински начин, а тоа ни дава посебна мотивација – вели тренерот на Пари сен Жермен, Луис Енрике, пренесе УЕФА.
Суперкупот се игра од 1973 година, а досега се одиграни 49 вакви натпревари, од кои 42-от се играше во Скопје, во 2017 година. Најтрофеен е Реал Мадрид со шест победи во Суперкупот. Пари сен Жермен и Тотенхем вечерва играат за прв триумф во Суперкупот на УЕФА.
– Играме во финале, фантастично е. Се надеваме дека ќе можеме да искористиме дел од искуството што го имаме од претходното финале што тимот го играше против Манчестер јунајтед. Пари сен Жермен е најдобриот тим во Европа. Тие ја освоија тројната круна и изгледа дека се исклучително силни на сите 11 почетни позиции. Фантастичен предизвик е да се има во првиот натпревар, но, секако, веруваме во себе. Одиме во финалето и ќе имаме една цел – да се обидеме да победиме. Не го гледаме ова како тест, го гледаме како два добри тима еден против друг и сакаме да победиме – рече за УЕФА тренерот на Тотенхем, Томас Франк. Н.М.
ДОСЕГАШНИ ПОБЕДНИЦИ
Реал М. 6
Барселона 5
Милан 5
Ливерпул 4
Атлетико М. 3
Челси 2
Баерн 2
Ајакс 2
Андерлехт 2
Валенсија 2
Јувентус 2
Севилја 1
Порто 1
Манчестер Ј. 1
Динамо К. 1
Нотингем ф. 1
Астон вила 1
Абердин 1
Стеауа 1
Мехелен 1
Парма 1
Лацио 1
Галатасарај 1
Зенит 1
Манчестер С. 1