Во Битола и околината попладнево е почувствуван земјотрес со епицентар во Грција. Како што информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е регистриран во 13 часот и 7 минути со јачина од 3.9 Рихтерови степени и епицентар кој потекнува од Грција, 165 километри југозападно од Скопје.
-Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала – наведува Сеизмолошката опсерваторија.