НБА направи преглед на репрезентациите со сегашни и поранешни НБА-кошаркари во составите за ЕП 2025
На Европското првенство ќе настапат 24 репрезентации, а во неколку ќе има сегашни и поранешни НБА-кошаркари, кои се во прелиминарните состави, пишува НБА. Турнирот почнува на 27 август и ќе трае до 14 септември во четири земји домаќини, Кипар, Финска, Летонија и Полска. НБА направи преглед на репрезентациите со сегашни и поранешни НБА-кошаркари во составите за ЕП 2025. Вкупно има 75 кошаркари, активни 36, поранешни 39.
l Група А: Чешка: активен НБА-кошаркар, Вит Крејчи (Атланта), поранешен, Томас Саторански. Естонија: нема. Летонија: активен, Кристапс Порзињес (Атланта), поранешни, Дејвис Бертанс, Даирис Бертанс. Португалија: активен, Немијас Кета (Бостон). Србија: активни, Богдан Богдановиќ (Лос Анџелес клиперс), Никола Јокиќ (Денвер), Никола Јовиќ (Мајами), Никола Топиќ (Оклахома), Тристан Вукчевиќ (Вашингтон), поранешни, Марко Гудуриќ, Балша Копривица, Вања Маринковиќ, Василије Мициќ, Никола Милутинов, Филип Петрушев, Ален Смаилагиќ. Турција: активни, Адем Бона (Филаделфија), Алперен Сенгун (Хјустон), Омер Јуртсевен, поранешни, Онуралп Битим, Фуркан Коркмаз, Шејн Ларкин, Чеди Осман.
l Група Б: Финска: официјалниот тим уште не е објавен. Германија: активни, Тристан да Силва (Орландо), Денис Шредер (Сакраменто), Франц Вагнер (Орландо), поранешни, Исак Бонга, Даниел Теис. Велика Британија: официјалниот тим уште не е објавен. Литванија: активен, Јонас Валанчиунас (Денвер), поранешен, Деивидас Сирвидис. Црна Гора: активен, Никола Вучевиќ (Чикаго), поранешни, Марко Симоновиќ, Бојан Дубљевиќ. Шведска: активен, Пеле Ларсон (Мајами).
l Група Ц: БиХ: активни, Јусуф Нуркиќ (Јута), Лука Гарза (Бостон), поранешен, Џанан Муса. Кипар: нема. Грузија: официјалниот тим уште не е објавен. Грција: активен, Јанис Адетокунбо (Милвоки), поранешни, Костас Адетокунбо, Тајлер Дорси, Костас Папаниколау. Италија: активни, Донте ди Винченцо (Минесота), Симоне Фонтекио (Мајами), Салиу Нианг (Кливленд), поранешни, Данило Галинари, Николо Мели, Матео Спањоло, Габриеле Прочида. Шпанија: активни, Санти Алдама (Мемфис), Ели Џон Ндијаје (Атланта), поранешни, Хуанчо Ернангомез, Вили Ернангомез.
l Група Д: Белгија: нема. Франција: активни, Билал Кулибали (Вашингтон), Муса Диабате (Шарлот), Усман Диенг (Оклахома), Закари Рисашер (Атланта), Алекс Сар (Вашингтон), Гершон Јабуселе (Њујорк), поранешни, Исаија Кординие, Џејлен Хоард, Тимот Луваву-Кабарот, Тео Маледон, Френк Нтиликина, Ели Окобо, Винсент Поарие. Исланд: нема. Израел: активни, Дени Авдија (Портланд), Бен Сараф (Њу Џерси), поранешни, Т.Џ. Лиф, Јам Мадар. Полска: активен, Џереми Сочан (Сан Антонио). Словенија: активни, Влатко Чанчар (Денвер), Лука Дончиќ (Лос Анџелес лејкерс), поранешен, Зоран Драгиќ.
НБА пишува дека некои од наведените кошаркари се избрани на т.н. драфт на НБА, но уште не одиграле натпревар во најсилната лига во светот, а некои ќе бидат дебитанти во сезоната 2025/2026. Н.М.