На реконструираното спортско игралиште граѓаните ќе можат да се рекреираат и ноќе

Охрид

Општина Охрид реконструираше игралиште на булеварот Туристичка, со поддршка на општествено одговорната компанија и го носи името на познатиот охридски фудбалер Гоце Толески.
– Спортската инфраструктура е основа за градење здрава заедница. Без соодветни спортски терени, нема услови за развој на спортскиот потенцијал кај младите. Секој нов квадратен метар од спортска површина не носи чекор поблиску до здрави генерации. Колку повеќе вложуваме во спортските капацитети, толку повеќе вложуваме во спортската иднина на нашите деца. Ова игралиште под отворено небо ќе биде место каде што децата ќе се учат на победа и пораз, дисциплина и пријателство. Ова ќе биде простор каде што ќе се градат нови спортски соништа – вели градоначалникот Кирил Пецаков, потенцирајќи дека ова е позитивен пример како бизнис-секторот може да даде свој придонес во локалниот развој.
Општина Охрид, додаваат од општината, ќе продолжи и понатаму да дава голема поддршка на спортот, спортските клубови и новите спортски надежи, со една единствена цел, Охрид да биде град што ќе слави големи спортски успеси и ќе се гордее со врвни спортски имиња.