Фото: ЕПА

ФУДБАЛ

Лионел Меси стана првиот фудбалер што постигнал повеќе од еден гол во четири последователни натпревари во американската фудбалска лига (МЛС), откако му помогна на Интер Мајами да го победи Њу Ингланд со 2-1, пишува „Би-би-си“. Аргентинскиот напаѓач постигна два гола во првото полувреме, за негов четврти последователен меч со два погодока, по што сега има 14 гола на 15 натпревари сезонава во МЛС.
Меси ја почна својата серија голови во мај, во победата со 4-2 на дуелот со Монтреал и во победата со 5-1 на средбата со Колумбус, пред да се натпреварува на клупското Светско првенство (СП). По настапот на СП 2025 се врати во МЛС во победата со 4-1 против Монтреал во минатата недела.
– Секогаш велам дека Лео е посебен играч. За мене, најдобриот играч што го играл овој спорт во историјата. Значи, неверојатно е затоа што тој продолжува да прави работи што можеби пред многу, многу години, не можеме да ги видиме. Но, на крајот, тој е посебен играч, имаме среќа што го имаме – рече тренерот на Интер Мајами, Хавиер Маскерано, пренесе „Би-би-си“.
Оваа серија голови е најновиот од низата рекорди во МЛС што ги собори осумкратниот освојувач на „златната топка“. Тој го држи рекордот во лигата за најмногу асистенции во еден натпревар (пет) и најмногу придонеси во постигнати голови во еден натпревар (шест), а неговите 58 придонеси во голови се рекорд за Интер Мајами, пишува „Би-би-си“. Н.М.