Фото: ЦУК

В.д. директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, потпиша договор за ангажман на двата пензионирани пилота за противпожарнита авиони „ер трактор“, Стоје Арсовски и Васко Михалчев.

Со ова, како што соопштија од ДЗС, авионите ќе бидат оперативни за противпожарно дејство за гаснење на опасните пожари на отворено во државата.

Од ДЗС информираа дека вториот авион се очекува за кратко време да биде вратен од редовниот сервис од Австрија.