Фото: З.А

На платото пред Центарот за култура во Кичево синоќа успешен настап имаше музичкиот состав Калевала. Околу 200 посетители на концертот презадоволни го напуштија центарот на градот, посакувајќи повеќе вакви музички случувања во Кичево.

Фото: З.А

-Со вечерашниот концерт музичкиот состав Калевала уште еднаш потврди дека нивните изведби се блиску до музичкото совршенство. Членовите на овој состав преку звуци инспирирани од различни култури отворија простор за визуелна и чуствителна имагинација. Калевала изведе повеќе авторски песни со текстови напишани на повеќе јазици. Тие преку звуци инспирирани од различни култури, создадоа микс на изведби кои нашите сограѓани присутни на концертот уште долго ќе ги паметат – истакна портпаролката Маја Николоска-Силјаноска.

Инаку како предгрупа на составот Калевала, настапи музичкиот бенд Феникс од Кичево, составен од млади и талентирани музичари за чија свирка допрва ќе дознае пошироката музичка јавност.

З.А