Во рамки на манифестацијата „Ритамот на чаршијата“, публиката во Музејот на македонската борба вчера уживаше во самостоен концерт на младиот пијанист Јован Станковиќ. Учениот во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, во класата на професорката Весна Ангелова Христов, изведе дела на Бах, Хајдн, Шопен и Рахмањинов.
Концертот беше збогатен со настапот на кларинетистот Никола Соколовски, ученик во класата на м-р Никола Јованов, кој настапи во придружба на пијанистката проф. Билјана Петровска.


Настанот беше организиран од Детскиот културен центар „Карпош“-Скопје.