На Израел му снемува одбранбени пресретнувачи на ракети „Ароу“ (Аrrow), објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на неименуван американски функционер.
Системот „Аrrow“ не е единствената одбранбена мерка што се користи против иранските ракети.
САД, исто така, имаат системи за ракетна одбрана „Патриот“ и системи за воздушна одбрана на голема надморска височина на Блискиот Исток, способни да пресретнат балистички ракети.
Според агенцијата, разорувачи на американската морнарица, исто така, собориле ракети.
„Аrrow“ е горниот слој на ракетната одбрана на Израел, заедно со „Железната купола“, која ги елиминира заканите од краток дострел како што се минофрлачи и ракети. „Arrow-2“ постои со години и пресретнува балистички ракети со долг дострел. Поновата „Arrow-3“ е специјализирана за пресретнување на ракети додека тие сè уште се надвор од Земјината атмосфера.