фото: ЕПА

ПЛИВАЊЕ

Ка­над­ска­та пли­вач­ка Са­мер Ме­кин­тош (18 години) про­дол­жу­ва да по­ста­ву­ва но­ви свет­ски ре­кор­ди. Нај­нов е оној во дис­цип­ли­на­та 400 ме­три ме­ша­но, што е неј­зин трет свет­ски ре­корд во из­ми­на­ти­те пет де­на, а ос­тва­рен на На­ци­о­нал­но­то пр­венс­тво во Ка­на­да. Ме­кин­тош по­стиг­на вре­ме од 4:23,65 ми­ну­ти, по­до­бру­вај­ќи го сопс­тве­ни­от свет­ски ре­корд 4:24,38 ми­ну­ти, по­ста­вен ла­ни.

Прет­ход­но таа по­ста­ви свет­ски ре­корд и на тр­ки­те на 400 ме­три сло­бод­но и на 200 ме­три ме­ша­но. На 400 ме­три сло­бод­но во Мон­тре­ал по­стиг­на вре­ме од 3:54,18 ми­ну­ти, со што го со­бо­ри прет­ход­ни­от свет­ски ре­корд од 3:55,38 ми­ну­ти на Ав­стра­лиј­ка­та Ари­ја­на Тит­мус од 2023 го­ди­на. На 200 ме­три ме­ша­но ос­тва­ри вре­ме од 2:05,70 ми­ну­ти, по­бр­зо за 42 сто­тин­ки од прет­ход­ни­от ре­корд, во сопс­тве­ност на Ун­гар­ка­та Ка­тин­ка Хо­су од 2015 го­ди­на.

Ме­кин­тош освои три злат­ни (200 м дел­фин, 200 м ме­ша­но и 400 м ме­ша­но) и еден сре­брен ме­дал (400 м сло­бод­но) на Лет­ни­те олим­пи­ски игри во Па­риз ла­ни.

Г.И.