Фото: УЕФА/Твитер

ФУДБАЛ

Шпанската национална комисија за пазар и конкуренција почна истрага против Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) поради сомнение за обид за ограничување на конкуренцијата во европските фудбалски натпреварувања, а истрагата е по барање на компанијата А22, организатор на Европската суперлига, пренесува српски „Новости“.
– Комисијата ја истражува УЕФА во врска со можното нарушување на конкуренцијата во организацијата на европските фудбалски натпреварувања – се наведува меѓу другото во соопштението на ова државно тело – објави „Еден фудбал“, пренесе „Новости“. Г.И.