Дваесет и седумгодишник од ресенскиот регион возел со 2.38 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола, информираат утрово од Министерството за внатрешни работи.
– Рано изутрина во 2:18 часот, полициски службеници од ОВР – Ресен го лишија од слобода Д.К. од ресенското село Јанковец. При сообраќајна контрола во село Јанковец, сопрено е патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал, а по преземени мерки е констатирано дека не поседува возачка дозвола и оти е под дејство на алкохол – односно измерени му се 2.38 промили алкохол во крвта- појаснуваат од МВР.
Тој бил исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот, како што додаваат од МВР, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.