Фото: Пиксабеј

Три лица биле лишени од слобода, откако била пронајдена дрога при претреси во Струмица и Гевгелија, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници го лишиле од слобода Г.Д., на возраст од 36 години, од село Банско.

– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени биле повеќе пакувања со марихуана и предмети со остатоци од марихуана. По дополнително преземени мерки и извршен службен разговор со Г.Д., констатирано било дека дрогата ја поседувал заедно со Д.К., на возраст од 20 години од село Банско, кој потоа, исто така, бил лишен од слобода- појаснуваат од МВР.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Струмица. Лицата биле задржани во полициската станица – Струмица. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во Гевгелија бил лишен од слобода и Б.Т., 20-годишник од овој град.

– При преглед на патничко возило „мини“ со гевгелиски регистарски ознаки, Б.Т. од возилото фрлил кутија со марихуана, што е пронајдена и одземена. После тоа, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на Б.Т., при што биле пронајдени повеќе семки од растението канабис, предмети со остатоци од марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана – додаваат од МВР.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гевгелија, а по документирање на случајот, против Б.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.