Мицкоски за стратешкото партнерство со Обединетото кралство
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оцени дека договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство претставува втор столб на нашата меѓународна позиционираност по стратешкото партнерство со САД, истакнувајќи дека е потврда оти нашата држава чекори по патот на стабилноста, безбедноста, развојот и европската иднина.
– Договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство ќе биде основата и фундаментот на инвестициски циклус кој ќе има вкупна рамка од пет милијарди фунти односно шест милијарди евра. Дел од парите ќе бидат за инвестиции во инфаструктурата, изградба на модерна карго и брза патничка железница од Табановце до Гевгелија, инвестици во здравстото и нови болници, завршување на проектот на Клиничката болница во Штип, заедно со зградата на новиот Медицински факултет, студентски дом со капацитет од 900 легла, изградба на болницата во Кичево, заедно со здравствен дом, реконструкција на Клиничката болница во Тетово. Во наредниоте денови ќе се потпишат договори и за овие инвестици – рече Мицкоски на заедничка прес-конференција со британскиот амбасадор Метју Лосон во Владата.
Лосон оцени дека договорот е врвен момент во билатералната врска меѓу двете земји, изградена на заеднички вредности, заедничко членство НАТО и мошне богата трговска врска.
– Ние сме големи инвеститори и британската Влада реши да го надградува тоа преку договор меѓу двете влади кој се фокусира на трговија и инвестиции за да се креира поголем раст и стотици милиони фунти од кои граѓаните на оваа земја ќе имаат корист заедно со граѓаните на нашата земја – рече Лосон.
Условите за најавените инвестиции од договорот, како што рече Мицкоски, се уште се дефиниаат и се работи на деталите, а се најдобрите што некој може да ги има на пазарот.
– Ги знам отприлика бидејќи веќе се преговара со месеци и можам да кажам дека се најдобрите што може да ги има на пазарот, но тоа се уште не е финиширано, не е конечно иако сме блоску до конечно решение. Многу скоро од денеска и тоа ќе биде објавено, репер ние Еурориборт, и два фиксни параметри, грејс период и долг период на отплата – рече Мицкоски на новинарско прашање.
Мицкоски и британскиот премиер Кир Стармер вчера на средба во Тирана одржана во рамки на Самитот на Европската политичка заедница, оценија дека договорот за стратешко партнерство ќе значи уште посилна соработка, поцврсти односи и можност за продлабочување на односите.
Договорот е резултат на повеќемесечни интензивни преговори меѓу дипломатски и експертски тимови од двете страни. Се оценува како историски и се очекува да отвори нови перспективи за соработка во клучни области како безбедноста, економијата, инвестициите, образованието, дигиталната трансформација и климатските промени.
Со потпишувањето на договорот, Македонија треба да добие пристап до британска експертиза, финансиска поддршка за реформи и можности за британски инвестиции во стратешки сектори како енергетиката, инфраструктурата и иновациите. Дополнително, соработката ќе опфати и засилен политички дијалог, како и координација во рамки на меѓународните институции и глобалните безбедносни предизвици.
Британскиот амбасадор ги демантира информациите дека во земјата ќе се градат кампови за мигранти
Британскиот амбасадор во државава Метју Лосон ги демантира информациите дека со Договорот за стратешко партнерство меѓу Македонија и Обединетото кралство во земјата ќе се градат кампови за мигранти.
-Суштината на ова стратешко партнерство се инвестиции, раст на економијата работење заедно за взамена корист и на веќе одличното трговско партнерство. Драго ми е што земјата се согласи дека ќе се приклучи на заедничката мисија во однос на мигрантите, но тоа ќе се однесува на полициските сили кои што ќе работат заедно, соочување со криминалните банди, подобро споделување на разузнавачки информации и ова го правиме со повеќе европски земји. Не се работи за тоа дека ќе се прифаќаат мигранти од Британија. Ова е широко партнертство во однос на безбедноста, трговијата, одбраната, инвестициите. Знам дека има многу шпекулации во медиумите на оваа тема, но овде не се работи за тоа – подвлече Лосон на заедничката прес – конференција со премиерот Хростијан Мицкоски по повод постигнатата согласност за договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство.
Прашан дали во рамки на стратешкото партнерство може да се очекува и олеснување на визниот режим за македонските граѓани, британскиот амбасадор истакна дека во моментов притисоците од мигрантите во Обединетото Кралство се навистина големи, но ова е нешто за што може да се разговараме во рамките на стратешкото партнерство.
-Ќе продолжиме да зборуваме за сите овие прашања, но сметам дека политички за нас во моментов е навистина трешко особено кога станува збор за миграцијата, и токму таму се рефлектирта и визниот режим дури и со мошне блиски партнери како Северна Македонија. Но, ова стратешко партнерство може само да помогне да се продлабочат односите, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите – рече амбасадорот Лосон.
Даунинг стрит 10: Новото стратешко партнерство ќе го нагласи растечкото пријателство меѓу двете земји
Владата на Обединетото Кралство го поздравува новото стратешко партнерство со Македонија, со што, како што стои во објавата на веб страницата на Даунинг стрит 10, дополнително се зајакнуваат односите меѓу двете земји.
Во соопштението се пренесува изјавата на премиерот Кир Стармер од средбата со претседателот на македонската Влада Христјан Мицкоски во Тирана, дека партнерството ќе го нагласи растечкото пријателство меѓу двете земји и ќе сигнализира намера за поблиска соработка на заедничките предизвици, вклучувајќи го економскиот раст, трговијата, одбраната и безбедноста.
– Лидерите, исто така, разговараа за неодамнешниот договор за приклучување на Северна Македонија кон Заедничката работна група за миграција, со што дополнително се зајакнува регионалната соработка за спречување на илегалните мигранти кои транзитираат низ Балканот и разбивање на криминалните банди што им помагаат. Во очекување на Самитот на Западен Балкан во октомври, лидерите го поздравија зајакнувањето на пријателствата меѓу Велика Британија и регионот. Лидерите со нетрпение очекуваат повторно да разговараат наскоро – стои во соопштението од британската Влада.