Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во близина на градот Јокусука, во префектурата Канагава, во југозападна Јапонија.
Според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот се случил во 03.48 часот по локално време на околу 675 километри југоисточно од полуостровот Изу со епицентар на длабочина од 23 километри.
Засега нема извештаи за жртви, ниту за причинета материјална штета.