Новиот премиер на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен денеска во Копенхаген изјави дека арктичкиот остров нема да биде „недвижен имот за продажба“, а американските изјави за присоединување на данската автономна територија се знак на непочитување.
Американскиот претседател Доналд Трамп неколку пати изјави дека сака да ја преземе контролата над Гренланд поради безбедносни причини.
– Никогаш, никогаш нема да бидеме недвижен имот што некој може да се купи и тоа е порака што мислам дека е најважно да се разбере … Сега се наоѓаме во ситуација во која мораме да останеме обединети – изјави Нилсен на заедничката прес-конференција со данската премиерка Мете Фредериксен.
Нилсен, кој од вчера е во тридневна посета на Копенхаген, додаде дека Гренланд е подготвен за силно партнерство со САД и поголем развој, но „сакаме почит“.
Фредериксен наведе дека Данска е подготвена повеќе да вложува во Гренланд.
Кралот на Данска Фредерик утре ќе отпатува на Гренланд како знак на понатамошна солидарност.