Еден од главните принципи на новиот формат на европските клупски натпреварувања од 2024 година е важната улога на клупскиот коефициент, односно настапот на клубот во европските клупски натпреварувања во тековниот петгодишен период, пишува Европската фудбалска унија (УЕФА). Токму поради тоа ако победникот на Лигата на шампионите се пласира за лигашката фаза и преку нивната домашна лига, клубот со најдобар индивидуален коефициент од сите домашни шампиони вклучени во квалификациите (домашните шампиони на асоцијациите од 11 до 55 место) ќе влезе директно во лигашката фаза наместо во првичното коло за кое се квалификувал, а Шахтер беше првиот тим што со најдобриот индивидуален коефициент од сите домашни шампиони влезе во лигашката фаза за сезоната 2024/2025, пишува УЕФА.
Најдобрите пет според коефициенти меѓу актуелните лидери во домашните првенства од земјите членки од 11. до 55. место се Олимпијакос 56,5, Бодо Глимт 46, Црвена звезда 44, Селтик 38, Макаби Тел-Авив 37,5, а најдобрите пет за сите клубови се Ренџерс 70,25 (моментно второ место во домашната лига), Олимпијакос 56,5 (прв), Динамо 56 (трет), Шахтер 52 (трет), Салцбург 48 (трет), пишува УЕФА. Од нив Бодо Глимт и Глазгов ренџерс уште играат во европските купови сезонава. Н.М.