Здрава храна
Таа е мајка на две деца, има 50 години и совршена фигура. Шпанската кралица Летиција е жена за која не може да се негира дека има одлична фигура, а освен што вежба, таа практикува и посебен режим на исхрана.
– Кралицата е жена што сериозно ги сфаќа својата работа и улога. Со оглед на тоа што често е во јавноста, таа работи на одржување на својот имиџ – вели тренерот Сајмон Томас, кој верува дека Летиција ја следи 28-дневната антиинфламаторна диета на д-р Периконе, крева тегови и практикува пилатес.
Николас Периконе е дерматолог, професор и автор на многу книги за човечкиот изглед и здравје. Многу холивудски диви го следат неговиот совет, а самиот Николас е многу чест гостин во шоуто на Опра. Холивудските диви Џулија Робертс, Ким Катрал, Хилари Свонк и Кортни Кокс се воодушевени од менито на Периконе.
Како и кај многу диети, оваа диета исклучува леб, тестенини, житарки, ориз, компири, грицки, овошни сокови и газирани пијалаци, а фокусот е на здравата исхрана, а не на слабеењето. Оваа диета е одлична доколку сакате младешки изглед, па може да се каже дека е навистина совршена. Диетата бара редовно јадење два вида храна: свежа риба и зеленчук богат со железо. Во најголема мера се користи риба, како и друга храна богата со омега-3 масти и протеини. Се препорачуваат белки, зелен зеленчук, јаткасти плодови, грав, млеко и млечни производи, агруми, маслинки, домати, јаболка, нектарини и праски, диња, киви… Има и намирници што се издвоени како многу пожелни поради нивната висока содржина на влакна, антиоксиданти и есенцијални масни киселини, кои вклучуваат кромид и лук, хелда, јачмен, лути пиперки, јаткасти плодови и семки, сино-зелени алги, бобинки од акаи, пченични никулци, праз и јогурт.
Појадок: Парче лосос (не чаден) во маслиново масло зачинет со сок од лимон, тенко парче овесен или ‘ржан леб, 60 грама нискомаслено сирење и авокадо. Шолја чај без шеќер.
Ручек: Суши или чинија со овошје и зеленчук во црвена, зелена, портокалова и виолетова боја, мешана салата со тврдо варени јајца, 100 грама пилешко, две сардини, домати, пет маслинки, мајчина душица, оригано, маслиново масло и оцет.
Закуска: Парче печено мисиркино или пилешко месо со авокадо, зачинето со малку маслиново масло, две коцки темно чоколадо, сезонско овошје.
Вечера: Лосос печен во рерна, зачинет со мајчина душица и кора од лимон.