Денеска остваривме средба со Претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, на која разговаравме за унапредување на билатералните односи и поддршката на европскиот пат на Македонија, објави премиерот Христијан Мицкоски на фејсбук.
– Хрватска останува наш важен партнер и пријател, а заедничките иницијативи ќе продолжат во духот на стабилност, просперитет и взаемна поддршка – напиша Мицкоски.