Здружението на приватни здравствени установи и приватни доктори по дентална медицина целосно го подржува протестот на стоматолозите кои дел од нив воедно се и наши членови и се приклучува кон повикот за оставка на Претседателот на стоматолошката комора на Македонија, но и кон повикот до сите надлежни институци особено Министерството за здравство што побрзо да одговори на нашата веќе поднесена пријава по однос на неправилностите и штетата направена кон нашите членови и нашето здружение, се вели во соопштението што денес го испратија до јавноста.
Како што информираат оттаму, покрај нелегалениот прогонот на осум делегати, (дел од нив се членови на нашето здружение кои укажува на незаконското работење во комората) преку Судот на честа каде спторивно на Уставот во работата на Судт е забрането присуство на јавноста одземен е и мандатот на делегатите за обвинениа кои ни случајно не можат да бидат засновани врз одредбите од Кодексот на стоматолошката етика и деонтологија, ставена им е повеќе годишна забрана на правото да бидат кандидирани и бирани во органите и телата на Комората. Вакво нешто никогаш не се случувало претходно.
– Особено сакаме да потенцираме дека комората не ги почитува судските пресуди на Уставниот суд, Управниот суд но и забелешките на Државната комисија за спречување на корупција па поради тоа со право може да се каже дека во комората е внесен тоталитаризам и самоволие, особено поради фактот што се воведени глоби до 3000 ЕУ и парични казни за кои не постои никаква законска основа ниту овластување. Нашето здружението доби 3 управни пресуди во своја корист но комората не ги спроведува и постапува спротивно на насоките на судот. Прогонуваните делегати го истакнуваа прашањето за ненаменско трошење на средствата од фондот за солидарност, нереалното прикажани финансиски извештаи за 2018 и 2019 година (не прикажани средствата за купените електронски сертификати од фирмата КИБС), откривањето на јавноста дека континуираното стручно усовршување е претворено во профитабилен бизнис преку нелегални и не регистрирани здруженија со кои Марјан Денковски како претседател на СКМ склучувал договори, иако знаел дека истите не се регистрирани во централен регистар како правни субјекти и уште многу други работи – се вели во соопштението.
Оттаму додаваат дека сето ова е посочувано со години наназад до сите влади и претходни министерства па затоа и овој пат го повикуваме Министерството за здравство и бараме истото да постапи согласно своите законски ингеренции, да ги преземе јавните овластувања од Стоматолошката комора на Македонија која
сите овие години ги извршувала без истата да има добиено решение за јавни овластувања од Министерот што е спротивно на член 262 од законот за здравствена заштита и да наложи отстранување на сите неправилности во комората, како: нови легални избори на органи и тела на комората, поништување т.е. прогласување за ништовни сите против законски општи и поединечни акти, да оцени дали постои основано сомневање за кривична одговорност на Претседателот на комората и правното лице Стоматолошката Комора, бидејќи органите на коморат и Претседателот затаиле во нужниот надзор над одговорните лица во комората како и незаконитите одлуки од некои тела на Комората .
– Здружението исто така смета дека, најмалата работа што Маријан Денковски треба да ја направи е да си поднесе итна и неотповиклива оставка од функцијата на која е избран спротивно на Статутот за кој избор се уште е во тек управна судска постапка- се вели во соопштението.