Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа објави дека неговите предложени царини од 25 отсто за стоките од Мексико и Канада ќе стапат на сила на 4 март, со дополнителни 10 отсто царини за кинескиот увоз, поради континуираниот проток на смртоносна дрога во САД од овие земји.

Трамп рече дека новите тарифи за кинескиот увоз ќе бидат дополнување на царината од 10 отсто претходно воведена на 4 февруари, што резултира со вкупна царина од 20 отсто за кинеските стоки.

Во објава на неговата платформа Truth Social, тој изјави дека смртоносната дрога фентанил продолжува да влегува во САД на „многу високи и неприфатливи нивоа“.

Трамп додаде дека се одлучил за царините бидејќи неговата администрација верува дека не е постигнат доволен напредок во сузбивањето на шверцот на фентанил во САД.

– Ја ставивме миграцијата под контрола, но сè уште имаме сериозна загриженост за бројот на смртни случаи поврзани со фентанил – изјави претставник на Белата куќа за британските медиуми.

Мексико ќе го екстрадира во САД нарко босот Рафаел Каро Кинтеро, осуден во 1985 година за убиство на агент на американската Администрација за борба против дрога (ДЕА), кој беше ослободен во 2013 година, кога се врати на шверцот.

Според податоците на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), во 2023 година, 72.776 луѓе починале во САД од синтетички опиоиди, пред се фентанил.