Во Скопје денеска ќе се реализира првиот уличен форум „Зошто нашите градови се небезбедни?“. Како што информира организаторот „Кој е следен?“, ќе се собираат сите идеи и предлози за посигурни улици – од железнички градски превоз во Скопје, до урбанистички промени за подобрување на сообраќајната култура.
Целта е, како што наведува организаторот, да има обединување со пошироката и стручна јавност и да се испрати недвосмислена порака дека „безбедноста во нашите градови не е прашање на избор, туку неопходност“.
– Постојат конкретни и изводливи решенија за создавање поуреден, безбеден и функционален урбан простор. Време е сите заедно, како општество, да застанеме зад мерки што ќе гарантираат долгорочна сигурност во нашите домови и на улиците каде што живееме, работиме и движиме секојдневно- додава организаторот на настанот.