Полицијата во Охајо трага по напаѓач кој ноќеска во склад во Њу Олбани, уби едно лице и рани уште петмина – соопштија градските власти.
Напаѓачот бил идентификуван, а полицијата „работи на негово приведување“ – се вели во соопштението.
Инцидентот, е „намерен напад“, изјави началникот на полицијата во Њу Олбани, Грег Џонс, без да даде дополнителни детали. Додаде дека мотивите на напаѓачот засега се непознати.
Според Џонс, околу 150 лица биле евакуирани во соседна зграда. Петтемина повредени се пренесени во болница.