Безживотно женско тело денеска било извадено од реката Вардар во близина на мостот Близнак, информираат од Министерството за внатрешни работи.
– Денеска (28.01.2025) околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека е забележано женско тело во реката Вардар. Околу 13 часот во близина на мостот Близнак, телото е извадено од реката од страна на полициски службеници од ПС Аеродром – стои во соопштението од МВР.
Оттаму дополнуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.