Руското Министерство за надворешни работи го обвини НАТО дека се обидува да ја претвори Молдавија во логистички центар за снабдување на украинската армија и дека се обидува да ја приближи својата воена инфраструктура до Русија.
Потпаролката на министерството Марија Захарова на брифинг со новинарите изјави дека мнозинството од населението на Молдавија не сака таа земја да се приклучи на Алијансата – пренесува РИА Новости.
Зборувајќи за ситуацијата во Придњестровје, Захарова укажа на тврдењата на руските разузнавачки служби, според кои претседателката на Молдавија, Маја Санду, се подготвува за војна.
– Режимот на претседателката Маја Санду има намера да ја искористи енергетската криза во земјата и насилно да го реши прашањето за Придњестровје. Својата одговорност за запирање на испораката на гас тие категорично ја префрлаат на Русија, а ја разгледуваат и опцијата за насилно окупирање на молдавската државна централа во Придњестровје – рече Захарова.