Фото: ЕПА

Синоќа во бриселската општина Андерлехт едно лице загина во престрелка, додека друго е повредено, соопшти Јавното обвинителство на Брисел. Се уште не се познати точните околности на инцидентот, пренесува Белга.

„Полициската зона Брисел-Југ доби дојава за пукање во областа Аумала околу 20:50 часот“, изјави портпаролката на обвинителот Јасмина Вановершелде.

„Една жртва, маж, загина. Уште едно лице е повредено. За инцидентот е известено бриселското јавно обвинителство. Во интерес на истрагата, засега не можеме да даваме дополнителни коментари“, додаде таа.

Наводно, пукањето се случило во кафуле на улицата Себастопол, во близина на метро станицата Аумале. Присутните се обиделе да го оживеат настраданиот, но тој им подлегнал на повредите.

Напаѓачот, за кој се верува дека користел автоматска пушка, побегнал од местото. Вооружени полициски патроли ја пребараа областа со поддршка на хеликоптер на федералната полиција.

Се уште не е потврдено дали некој е уапсен.

Областа околу станицата Аумале беше погодена од насилство поврзано со дрога во последниве месеци. Во октомври, четири престрелки се случија во рок од десет дена, што ја зголеми загриженоста за безбедноста на жителите.