Ова ми го кажа еден Албанец, дојден од Швајцарија – извонреден човек: „Кога дојдов во Швајцарија, никој не ме праша дали сум Албанец, Македонец или нешто друго, или пак дали зборувам албански, македонски, српски или друг јазик. Ми дадоа лопата во рацете и ми рекоа: Ене ти автопат, оди да ставаш асфалт. И така работев и заработив добар живот“. Македонците буквално го обожаваат, бидејќи им се нашол и им помагал во тешки ситуации. Така треба да биде и во Македонија – да се дружиме, да си помагаме, кој друг ќе нѐ ферма и помага?
Веднаш да кажам дека се согласувам со тезата на поетот и писател Ефтим Клетников дека љубовта е супериорна и поважна од омразата, инаку како би постоел овој свет. Љубовта е најважното нешто што сме должни да им го пренесеме на следните генерации. Во мојот текст, јас ја нагласив омразата а пропо палењето на македонското знаме во Тетово, но и истиот одговор со палење на албанското знаме. Таков пароксизам на омраза неретко имало во историјата – во екстремни случаи трагедиите на Кристалната ноќ, Вартоломејската ноќ, погроми, Кју-клукс-клан, прогоните на Нерон итн. Таквите изблици на омраза се последица на индуцирани агресии, ирационалност, колективен нарцизам, хордизам, врзани за политички, шовинистички, криминални или освојувачки интереси.
Има примери за употреба на дрога (амфетамински деривати) од нацистите, џихадистички напади, можеби и во актуелните војни. Нема докази дека во тетовскиот случај има такво нешто. За потеклото на Албанците, признавам дека не сум „познавач“, туку „препишувач“. Две теории се пласирани – „линеарна“ (автохтоност и континуитет) и „циркуларна“ (миграции од Кавказ преку Иран и Отоманската Империја). Од мои другари добив критики за првата теорија. И јас сум интуитивно наклонет кон втората (миграции) – но тоа нека го кажат специјализирани експерти.
Би сакал да ви кажам само една кратка неодамнешна случка. Едни мои другари Македонци ме запознаа со еден Албанец, дојден од Швајцарија – извонреден човек. Тој ми кажа вакво нешто: „Кога дојдов во Швајцарија, никој не ме праша дали сум Албанец, Македонец или нешто друго, или пак дали зборувам албански, македонски, српски или друг јазик. Ми дадоа лопата во рацете и ми рекоа: Ене ти автопат, оди да ставаш асфалт. И така работев и заработив добар живот“.
Македонците буквално го обожаваат, бидејќи им се нашол и им помагал во тешки ситуации. Така треба да биде и во Македонија – да се дружиме, да си помагаме, кој друг ќе нѐ ферма и помага? Сите сме мешани – „генетска салата“ (латински salata е засолена мешавина од зеленчук). Секакви народи и армии поминувале низ Балканот (кажано порано). Искрено кажувам – тој што нема барем еден другар Албанец, тој е губитник. Мој недостаток е што не сум научил барем малку албански, заради почит, а не некој голем израз.
Што се однесува до етношовинизмот и етнолудилото кај нас, тоа е болест, зараза, ретардација што ја пренесуваат наркомафијата и нивните политички и бизнис-постелини. Колку деца се умрени од дрога во Македонија? Колку пари циркулираат од дрога, џихадизам, градежна и медицинска мафија во Македонија? Зошто секој аспект од животот е нула? Зошто не ги даваат имињата на мафијашите што добија македонски пасоши? Зошто ниеден не е уапсен? Зошто не се апсат главните мафијаши? Артан Груби е ситно рипче – баракуда или бакалар, а ајкулите слободно си пливаат. Имаме предрасуда дека ДУИ се мафијата. Познавам многумина што не се. А познати се и многу придружници на мафиите што не се од ДУИ.
Што се однесува до етношовинизмот и етнолудилото кај нас, тоа е болест, зараза, ретардација што ја пренесуваат наркомафијата и нивните политички и бизнис-постелини. Колку деца се умрени од дрога во Македонија? Колку пари циркулираат од дрога, џихадизам, градежна и медицинска мафија во Македонија? Зошто секој аспект од животот е нула? Зошто не ги даваат имињата на мафијашите што добија македонски пасоши? Зошто ниеден не е уапсен? Зошто не се апсат главните мафијаши?
Министерот Тошковски има добар почеток, но ќе му честитаме кога сите мафијаши, терористи, наркодилери, криминалци и економски бандити ќе бидат уапсени и судени. Тоа што „лаат“ по него нека биде ветар што ќе го забрзува. А и парите бандитски да им се конфискуваат промптно (како во Црна Гора). Дали ни треба помош од Интерпол, Европол, ФБИ и слично? Па, и госпоѓата Лаура Ковеши да ја поканиме. Потоа, експресно ни требаат европски закони (да се препишат), а кога ќе нѐ примат во ЕУ е друго прашање.
Како пост скриптум: Некој кажал дека сум ја критикувал министерката за образование д-р Весна Јанева. Тоа го негирам и повторувам дека имам високо мислење за министерката и ѝ пожелувам да продолжи со истата динамика. Можеби треба да ги прегледа програмите за филозофија (проф. Темков имаше убав учебник), психологија, логика и литература (светска, руска, американска, англиска итн.).