Фото: ЕПА

Првото претставување на сите тимови со 20-те возачи ќе се одржи на 18 февруари, а билетите, наводно, се распродале за помалку од еден час, пишува „Скај спорт“. Во новата сезона Хамилтон ќе вози за Ферари, Саинз е во Вилијамс, а ќе има и шест дебитанти, вклучувајќи четворица од Формула 2

ФОРМУЛА 1 – ВО ПРЕСРЕТ НА НОВАТА СЕЗОНА

Дванаесет месеци откако во текот на зимата ниту едно возачко место не се смени, само Мекларен и Астон Мартин ќе ја почнат новата сезона со непроменети состави во однос на првата трка од минатата година, пишува „Скај спорт“.
Луис Хамилтон сега ќе вози за Ферари, Карлос Саинз е во Вилијамс, а во планетарното првенство за 2025 година ќе има шест возачи што ќе дебитираат во Формула 1, вклучувајќи четворица од минатогодишниот шампионат во Формула 2.
Формула 1 во меѓувреме објави дека специјалниот настан, првото претставување на сите тимови со 20-те возачи, за да го обележи почетокот на 75-годишнината на Формула 1, ќе се одржи во лондонската „Арена О2“, на 18 февруари в година.
На тој настан во Лондон ќе присуствуваат сите 20 возачи и ќе има интервјуа со клучните играчи во спортот, како и настапи со музика во живо и забава за присутните гледачи, а билетите за настанот, наводно, се распродале за помалку од еден час, пишува „Скај спорт“.
Претсезонските тестирања ќе се одржуваат од 26 до 28 февруари на меѓународната патека во Бахреин. Првата трка на новата сезона е закажана за 16 март, во Мелбурн (Австралија). Н.М.