Сателитски снимки покажуваат нова база за балистички ракети со голем дострел во Северна Кореја.
Американската телевизија Си-Ен-Ен ги објави сателитските снимки од новата база Јеонгџео-донг, лоцирана во планински предел во внатрешноста на земјата, чие постоење се уште не е објавено.
Експертите истакнуваат дека локалцијата на базата е погодна за распоредување на нови севенокорејски ракети со голем дострел, кои би можеле да носат нуклеарни глави.
– Ја набљудуваме Северна Кореја но не можеме да разговараме за разузнавачки прашања – се наведува во соопштението на американското Министерство за одбрана.
На средбата во јуни во Сингапур, американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскито лидер Ким Џонг-ун се договорија за целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров. Но, во договорот не е прецизиран рок, како и начинот на реализација.