Луксембург ќе стане првата земја во светот која ќе го направи целиот јавен превоз бесплатен.
Цените на возовите, трамваите и автобусите ќе бидат укинати следното лето, таков е планот на реизбраната коалициона влада предводена од премиерот Хавиер Бетел, кој во средата положи заклетва за втор мандат.
Бетел, чија Демократска партија ќе формира влада со левичарската Социјалистичка работничка партија и Зелените, на неодамнешната изборна кампања даде ветување дека ќе даде приоритет на животната средина.
Покрај бесплатниот превоз, новата влада, исто така, размислува за легализирање на канабисот и воведување на два нови државни празници.
Луксембург, главниот град на Големото Војводство Луксембург, страда од најлошите сообраќајни метежи во светот. Тој е дом на околу 110.000 луѓе, но уште 400.000 патуваат низ градот за стигнат на работат. Една неодамнешна студија, изработена во 2016 година, покажа дека возачите во главниот град трошат во просек 33 часа во сообраќајни метежи.
Иако во целата земја има 600.000 жители, речиси 200.000 луѓе живеат во Франција, Белгија и Германија и секојдневно ја преминуваат границата за да пристигнат на работа во Луксембург.
Луксембург сé повеќе покажува прогресивен однос кон транспортот. Ова лето, владата донесе бесплатен превоз за секое дете и млад човек на возраст под 20 години. Средношколците, исто така, можат да користат бесплатен превоз.
Но сега од почетокот на 2020 година сите билети ќе бидат укинати. Сепак, политиката допрва треба да биде целосно разгледана.
Меѓутоа, политиката на новата влада која предизвика најголема дебата е легализирањето, поседувањето и потрошувачката на канабис за рекреативна употреба.