Ретрокино
Десет филма според „Вараети“ што заслужуваат повторно објавување
Познато е дека киното ја обединува публиката. Но дали гледајќи стар филм во кино може да го повтори чувството на возбуда кај гледачот?
Минатиот викенд хитот од Кристофер Нолан од 2014 година беше реобјавен во киносалите и заработи чисти 4,6 милиони долари на 165 екрани. На повторената проекција присуствуваа обожаватели на овој филм што посакуваа одново да го доживеат тоа филмско искуство, но имаше и такви што првпат го гледаа филмот. Ова реобјавување на еден од најголемите успеси на режисерот Кристофер Нолан поттикна голема љубопитност. Дали реобјавувањето постари филмови е исплатлива авантура?
Порталот „Вараети“ објави десет филмски хита што вреди да бидат реобјавени.
„Гладијатор“ (2000)
„Гладијатор 2“, еминентното, но и помалку спектакуларно продолжение на Ридли Скот, докажува дека публиката за филмот „Гладијатор“ е жива, здрава и желна за уште забава. Па, зошто да не го вратите оригиналот, во кој Расел Кроу го создава дефинитивниот харизматичен портрет на нетоксичната мажественост?
„Евтина фикција“ (1994)
Ова е сè уште е најголемиот филм на Квентин Тарантино и сè уште дејствува свежо кога и да се гледа. Овој филм просто моли да се гледа на големото платно, каде што повторно може да го заземе своето место како митолошка ерупција на опасност и радост.
„Гравитација“ (2013)
Секое ново гледање во кино одново ќе ве спои со неговата ѕвездена величественост и антигравитациско темпо, а да не зборуваме за прекрасната Сандра Булок, во нејзината најдобра изведба, како астронаутка во универзумот. Кој би одолеал да не го реемитува?
„Боречки клуб“ (1999)
Нема сомнеж дека на оваа листа секако ќе има место за еден од најголемите филмски хитови на сите времиња. Каква работа би било повторно да се доживее бесната басна на Дејвид Финчер! И замислете ја реакцијата на оние млади обожаватели што првпат би го искусиле овој филмски деликатес.
„Дух“ (1990)
Во овој филм na Џери Цукер има сè: љубов, смрт, мистерија, натприродна возбуда и, секако, тука е Деми Мур. Повторно оживеана од „Супстанција“, но овде во нејзиниот романтичен врв. И да не го заборавиме Патрик Свејзи. Време е да се вратиме на златните години од кариерата.
„Казино Ројал“ (2006)
Сега кога Даниел Крег ја напушти улогата на Бонд, тоа ќе им послужи на обожавателите на Џејмс Бонд повторно да го искусат она што веројатно беше најдобриот филм за 007 досега, со должна почит за неговите претходници. Филмовите за „Крег Бонд“ практично прекуноќ станаа франшиза, но првото влегување на актерот во улогата е самостојно чудо на раскажувачката величественост.
„Коктел“ (1988)
Веќе 40 години зборовите „Том Круз“ и „филмска публика“ се различни страни на истата монета. Може да наведете дваесет подобри филмови за Круз, но сепак славата на „Коктел“ е неговата прва невиност. Дали носталгијата може да влијае на новата генерација? Ајде да дознаеме.
„Блејд“ (1998)
Ловецот на вампири што беше предвесник на новата ера и на одредени стрипови што се напишани пред револуцијата на Марвел. Во главната улога, Весли Снајпс ја презема командата како што само тој може.
„ЛА доверливо“ (1997)
Кога излезе лавиринтскиот ноар во Лос Анџелес на Кертис Хансон, малкумина имаа слушнато за Гај Пирс или Расел Кроу. Запознавањето со нив само го зголемува задоволството од овој брилијантен мрачен трилер, филм што порано беше азбука на Холивуд, а кој сега личи на Толстој.
„Основен инстинкт“ (1992)
Се сеќавате на оваа еротска филмска бомба? Овој озлогласен и валкан трилер од 1992 година е виновник за отфрлање на оковите на одговорноста. „Основен инстинкт“ беше модел како да му се предадете на вашиот внатрешен ѕвер. Време е Шерон Стоун повторно да нѐ потсети нас, но и сите млади актерки што е вистинска филмска ѕвезда.