Фото: „Кроација рекордс“

Албумот „Мајчин јазик“, издаден пред осум години, за кој Влатко Стефановски смета дека е скапоцен камен во неговата подоцнежна кариера, деновиве е издаден и како винил.

Таа 2017. година на Стефановски му беа потребни само неколку дена мотивација и инспирација за да сними девет инструментални скапоцени бисери на албумот, чија обвивка е украсена со слика на Нада, неговата мајка, во улогата на Маша од драмата на Толстој „Жив леш“. Токму оваа фотогреафија, која датира од доцните четириесетти години на минатиот век, на албумот му дава посебна емотивна вредност и укажува на инспиративната уметничка средина во која созреваше Влатко.

Фото: „Кроација рекордс“

Кога се создаваше „Мајчин јазик“, нашиот познат гитарист и амбасадор на македонската култура во светот, се соочуваше со тешки лични предизвици, со товарот на околностите кои го притискаа него и неговото семејство. Албумот носи чувство на емоционална тежина, како музиката да е исткаена од моменти на рефлексија и издржливост, сугерирајќи му на уметникот кој, дури и во најтемните моменти од животот, сè уште се стреми кон убавината, достигнувајќи и уметнички височини и длабоко лично изразување.

Во тоа време, кога го промовираше овој албум, Влатко изјави:

„Кога снимам, сакам да ја доловам мојата возбуда, моите емоции, а не техниката“. Но, верувам дека со овој албум отиде чекор понатаму – зароби дел од мојата душа“.

Фото: „Кроација рекордс“

Албумот „Мајчин јазик“ доаѓа со картичка за преземање мп-3 верзии на песни, ремастерирани од Горан Мартинац во „Кроација рекордс студио“.Во студиото „Еби роуд“ (Abbey Road) во Лондон плочата ја „режеше“ Шон Меги, добитник на наградата „греми“ за „Mono Box Set“ на легендарните „Битлси“.

-Денес, еден од најпознатите Македонци како деветнаесетгодишник го основа култниот бенд „Леб и сол“, по што се посвети на активно зачувување на традиционалната македонска песнарка (и не само македонската, туку и онаа на другите земји од Балканот). Важен дел од неговата кариера е и соработката со неговиот верен гитаристички партнер Мирослав Тадиќ. Карактеристиката на вистинскиот уметник не е да прави што е можно поверна реплика на постоечко дело, туку да ја впише својата личност и виртуозност во изведбата, па, затоа овој албум ќе го најде својот пат до секој искрен љубител на делото на Влатко. Инструменталите на Влатко не се ладни и далечни, тој со секоја нота, која избра да ја задржи во својата визија за култните инструментали како „Бистра вода“ и „Успаванка за Радмилу М.“, или познатите традиционални песни „Јано мори“, „Димитријо, сине Митре“ и „Огреала месечина“, ја пренесува топлината и емоцијата што се вткаени во тие композиции – изведбата е совршена, иако сè е снимено за прв пат во студиото на Влатко – „Езотерија“, а тоа се квалитетите на виртуозот. „Зошто си ме мајко родила“ им е посветена на Стево и Есма Теодосиевски, кои, како и Влатко, ја задолжиле македонската култура – вели познатиот новинар Иван Беќковиќ.

М.Т

Фото: „Кроација рекордс“