Фото: Маја Јаневска-Илиева

Здружената иницијатива „Зелен хуман град“ денеска во Скопје организира протестен марш „За чист воздух“. Протестот започнува во 16 часот пред Министерство за животна средина и просторно планирање, продолжува преку Собранието и завршува пред зградата на Владата.

-Протестираме бидејќи секоја година од 3.828 до 5000+ луѓе во Македонија ги губат своите животи како директна последица на изложеноста на штетните честички PM2.5. Ова претставува 17,7% од вкупната смртност во државата. Особено загрижувачки е фактот дека едно од девет починати деца под една година го губи животот поради загадениот воздух. Бараме од надлежните институции итно и системско справување со загадувањето на воздухот преку имплементација на овие ефикасни мерки кои ќе го заштитат здравјето на граѓаните и драстично ќе го намалат аерозагадувањето – наведуваа од Зелен хуман град.

Тие предлагаат низа краткорочни и среднорочни мерки.

Од Здружената иницијатива ги повикуваат граѓаните да се приклучат на протестот и да го изразат своето барање за чист воздух од институциите.

Протестот го оргазнизираат „Зелен хуман град“, Шанса за Центар, Skopje Smog Alarm, O2 Иницијатива, Зелените Од Гази Баба, Иницијатива за ослободување од еднократна пластика НаТочак – NaTochak, Go Green – Биди Зелен, Слобода на Говорот и други организации.