фото: Маја Јаневска - Илиева

Регулаторната комисија за енергетика денеска се очекува да соопшти дали и за колку би поскапела струјата од 1 јануари.

На последниот тендер на ЕВН Хоум беше понудена цена од 62 евра за мегават часови од страна на АД ЕСМ што е за две евра повисока во однос на досегашната цена што ЕСМ ја продаваше на универзалниот снабдувач. Оваа цена најмногу влијае врз цената на струјата што домаќинствата ќе треба да ја плаќаат од 1 јануари.

Премиерот Христијан Мицкоски неколкупати досега во изјави за медиумите рече дека не очекува големи промени во цената на струјата, а доколку дојде до такво нешто, тогаш според неги, зголемувањето би требало да биде минимално од еден до три проценти.