Има многу совети и препораки за прва помош кога страдате од главоболки, несоница, дигестивни проблеми, но ние ги избравме најдобрите препораки одобрени од експерти за некои вообичаени ситуации.
Артритис: Моќниот антиоксидант што се наоѓа во зелениот чај наречен епигалокатехин-3-галат може да помогне да се запрат болките во зглобовите и воспалението, кое е симптом на ревматоиден артритис. Исто така лутите пиперки можат да направат да се чувствувате подобро и да ја спречат болката во коските.
Каснување од инсекти: За вообичаеното чешање што се јавува по каснување од инсект, најдобра е овесната каша. Колоидната овесна каша има долга историја и еднакво цврста биолошка основа за нејзините антивоспалителни и ефекти против чешање.
Настинка: Пилешката супа е исклучително корисна и не постои лекар што нема да ви ја препорача против настинка. Пилешката супа е всушност еден од најдобрите домашни лекови што имаат антиинфламаторни својства и гарантирано ги ублажува симптомите на инфекции на горниот респираторен тракт. Истражувачите откриле дека пилешката супа ги обновува и белите крвни зрнца.
Кашлица: Докажано е дека медот е поефикасен од пастилите и сирупите против кашлица. Истражувачите велат дека за деца на возраст од две до пет години препорачана доза е половина лажиче мед, една кафено лажиче за деца од шест до 11 години и две лажичиња за деца на возраст од 12 до 18 години.
Лошо варење: Влакната се најдобриот лек за запек, а од сите докажани начини за зголемување на внесувањето влакна, лененото семе е најдобриот домашен лек. Меленото ленено семе е совршено за ублажување запек. Овој ефикасен лек против запек е одличен извор на нерастворливи и на растворливи влакна, кои дејствуваат на различни начини, како и на растителни омега-3 масни киселини, кои се познати по тоа што го помагаат варењето.