Мост Близнак/ фото: Маја Јаневска-Илиева

 

Мост Близнак/ фото: Маја Јаневска-Илиева

Мост е градежна структура што ги поврзува двата брега на реката.
Во преносна смисла мостот е премин преку провалија, поврзување на две неспоиви работи, намалување на разликите или слобода на движење.

Жителите на Скопје од дамнина граделе мостови преку Вардар. Тоа го прават и денес. Мостот може да е направен од дрво, камен, бетон и железо. Скопје ги има во сите варијанти.

Камениот мост, веројатно и најстариот мост, воедно е и најголемиот симбол на градот, вцртан и во грбот. Имињата се менувале со времето како и приказните врзани за неговите први градители, римски – Јустинијанов, српски – Душанов, турски – Камени… Тоа што стои и денес врз водите на Вардар ги поврзува неговиот лев и десен брег цврсто.

Мостовите во галеријата се прикажани по текот на реката Вардар во Скопје, од запад кон исток.