КОШАРКА – НБА
Кливленд стана само осмиот клуб во историјата на кошаркарската НБА-лига што ги добил првите 12 натпревари од регуларниот дел на сезоната, со победата над Чикаго со 119-113, и е досега единствената непоразена екипа во лигата сезонава. Ова е најдобриот почеток на една сезона во НБА-лигата со постигнати најмалку 100 поени во 11 натпревари, по Голден стејт во сезоната 2015/2016, кој имаше рекордни 24 победи во низа, а ја заврши натпреварувачката сезона со резултат од 73 победи и девет порази, што е и актуелен рекорд во ова најквалитетно кошаркарско натпреварување во светот. Донован Мичел беше најефикасен играч на натпреварот со 36 поени, а уште пет кошаркари имаа двоцифрен број уфрлени поени.
– Ова е целосно тимска победа. Играме еден за друг, несебични сме. Мораме да продолжиме така – рече Мичел. Г.И.