Припадници на полициски сили од 18 земји заплениле повеќе од 14 милиони евра во операцијата DECOJ, во координирана акција на Европол со полициите на Шпанија, Португалија и Австрија, соопшти денеска Европол.
Заедничката акција на царината и полицијата е спроведена во рамки на акцијата ЕМПАКТ, чија цел е борба против дистрибуцијата на фалсификувани банкноти и метални пари преку поштенските услуги низ Европа, се наведува во соопштението на Европол.
Меѓу земјите кои учествуваа во операцијата беа припадници на полицијата и царината на Австрија, Србија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Франција, Германија, Грција, Ирска, Италија, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Шпанија, Турција и Обединетото Кралство.
Во оперативната фаза беа запленети вкупно 174 пакети со фалсификувани пари, а потоа беа отворени 144 нови полициски истраги за одговорните криминални мрежи.
Запленети се вкупно 148.130 фалсификувани валути, од кои 134.949 банкноти и монети евра, банкноти од 9.186 британски фунти и банкноти од 3.595 американски долари.
Најмногу од лажните банкноти биле 50 евра, потоа 20 евра, се наведува во соопштението на Европол.
Како што се додава, успехот на операцијата ДЕКОЈ е постигнат благодарение на блиската соработка на царинските и полициските агенции. Ваквата соработка обезбедила фалсификуваните пари да бидат пресретнати на клучните влезни точки, а опсежните истраги биле почнати за да се откријат организираните криминални групи кои ја организирале операцијата, соопшти Европол.