Полициски службеници од Кантонот Сараево, Босна и Херцеговина, утврдиле дека еден малолетник употребил огнено оружје при што повредил во потколеницата друг малолетник, објави Јутарњи лист.
-Во престрелката во Сараево, едно малолетно лице се здобило со полесни физички повреди – соопшти портпаролката на полицијата Мерсиха Новалиќ.
Притоа се додава дека полициската управа Центар добила информација за инцидент во дворот на средното металуршко училиште во кој утринава во 08:00 часот бил ранет еден ученик. По излегувањето на терен, полициските службеници констатирале дека еден малолетник употребил огнено оружје и повредил друг малолетник во пределот на ногата.
Малолетникот кој употребил огнено оружје е под контрола на полициски службеници.
Известен е обвинителот на Кантоналното обвинителство на Кантонот Сараево, а полициски службеници се на терен.