Фото: принтскрин/Твитер/ Илустрација

Либанското исламистичко движење Хезболах соопшти дека истрелало „ракети“ врз база на израелското разузнавање во предградие на Тел Авив.

Борците на движењето поддржано од Иран пукале врз „базата Глиот на воената разузнавачка единица 8200“.

Нападот бил посветен на нивниот лидер Хасан Насралах, кој беше убиен од Израел на крајот на септември.