Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во изјава на англиски јазик го нарече убиството на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, „почеток на крајот“ на војната во Газа.
-Имам едноставна порака до жителите на Газа – оваа војна може да заврши уште утре. Може да заврши доколку Хамас го положи оружјето и ги врати нашите заложници. Израел ќе ја гарантира безбедноста на сите оние кои ќе ги вратат нашите заложници. Ако некој им наштети на заробениците Израел ќе ги лови и ќе ги изведе пред лицето на правдата – рече Нетанјаху.
Израелскиот премиер додаде дека оската на теророт изградена од Иран „се урива пред нашите очи“.
-Владеењето на теророт што го наметна иранскиот режим врз својот народ и народите на Ирак, Сирија, Либан и Јемен ќе заврши – рече Нетанјаху.