Како резултат на двонеделните протести на „жолтите елеци“ во Париз, 75 бензински пумпи се празни бидејќи им бил спречен дотокот на резерви од демонстрантите.
Тие ги блокираа патиштата и со тоа го спречија снабдувањето на бензинските станици со резерви – пренесува „Ројтерс“.
Во Белгија, движењето најави протестен марш во Брисел на 8 декември, чиј крајна дестинација ќе биде пред Европскиот парламент.
Во претходниот протест на 30 ноември, дојде до судири меѓу полицијата и демонстрантите, а беа уапсени околу 30 луѓе.