Директорот на Директоратот за проширување на Европската комисија, Герт Јан Копман денеска изјави дека првите средства од Програмата за развој на Западен Балкан ќе им бидат исплатени на земјите од регионот до крајот на годинава.
По презентацијата на Планот за регионален развој во Европскиот парламент, тој изјави дека првите средства ќе бидат префрлени на Црна Гора, Албанија и на Македонија, кои постигнале најголем напредок во реформите.
– Очекувам првите од земјите од Западен Балкан да се приклучат на СЕПА на 1 јануари 2025 година – Црна Гора прва земја, а Албанија и Северна Македонија набрзо, Србија е исто така силно заинтересирана за тоа, како и Косово и, се надевам, БиХ ќе следи не многу подоцна – подвлече Копман, додавајќи дека тоа е „сведоштво за нов моментум“.
Копман додаде дека сите шест земји од регионот очекуваат инвестиции од Европската унија, дека работат на напредок во реформите и дека таа работа може да се види.