Приемот на Бугарија во шенген-зоната зависи од Австрија
Властите во Софија очекуваат одлука за полноправно членство на Бугарија и Романија во шенген-зоната до крајот на годинава, но прво ќе треба да ја одоброволат Австрија, која стави вето на бугарската кандидатура за прием.
Контролите на воздушната и поморската граница беа укинати за Бугарија и Романија на 31 март, но копнените гранични контроли останаа во сила поради ветото на Австрија. Одлуката на Австрија да го блокира пристапот на Бугарија во шенген уште важи и зависи од решавањето на проблемот со илегалната миграција во ЕУ, соопшти австрискиот канцелар Карл Нехамер во јануари, за време на посетата на Бугарија.
Директните загуби на Бугарија од одложувањето на нејзиното целосно пристапување во шенген изнесуваат повеќе од 400 милиони евра, се наведува во извештајот на Институтот за економски истражувања при Бугарската академија на науките, претставен во јули од страна на привремениот министер за економија Петко Николов. Главната цел на Бугарија е да ѝ се приклучи на шенген-зоната за да го намали притисокот врз нејзините граници со Грција и со Романија, што предизвикува огромни финансиски загуби за бизнисите и туризмот во регионот. Р.С.