Во македонската амбасада во Виена, Австрија, во чевтртокот се одржа пормоција на книгата „Осврти – рефлекси, илуминации и реминисценции“ од историчарката на уметноста, Виолета Калиќ, а истовремено беше отворена и изложба на дела застапени во книгата.
Помеѓу учесниците на мултикултурната изложба во Амбасадата беа бројни истакнати уметници , професори од различни универзитети, учесници во бројни проекти и добитници на бројни награди и признаниа во земјата и надвор и претставници од повеќе генерации, кои се претставија со избрани дела од историчарката на уметноста Виолета Калиќ.
Ова дело на 300 страници, содржи дел од нејзините многубројни осврти настанати во изминатите три децении дејствување во сферата на визуелните уметности, објавувани и во превод на повеќе јазици и во бројни каталози по повод изложбите кои ги промовира во земјата и странство, заедно со150 колор фотографии на ликовни дела на уметниците учесници во разни проекти.
Публиката имаше можност да ги види делата на: Љубе Алексовски, Андријана Андреева, Решат Ахмети, Сашо Ацковски, Драган Биков, Љупчо Бојаров, Борјана Божиновска Ѓоргиевска, Сашо Блажески, Влахо Бранѓолица, Тони Шулајковски, Ивона Велковска, Гордана Винчиќ, Мирко Вујисиќ, Жаклина Глигориевска Кочоска, Стефан Димовски, Горјан Ѓоргиев, Зулејха Али Зубери, Ана Ивановска, Јана Јакимовска, Зоран Јакимовски, Стефан Јакимовски, Петра Јовановска, Гордана Квајо (Р. Хрватска), Маја Кировска, Билгаиб Кочишта Биге, Џулијан Кроу (Велика Британија), Росица Лазеска, Игор Љубовчевски Љубац, Јана Манева Чуповска, Мирослав Масин, Наташа Милованчев, Шќипе Мехмети, Дубравко Наумов, Верина Николова (Франција), Маја Николовска, Евгениј Пантев, Ирена Паскали, Наталија Пулејкова Радевска, Жанета Радевска Спировска, Весна Радишиќ Ацковска, Моника Радхоф Трол (од Германија) Александар Рашковиќ, Маја Рауник Кирков, Александра Ристовска Петрушевска, Марија Светиева, Марија Смилевска, Дита Старова Ќерими, Ангелца Стоиљковиќ, Маја Танева, Славица Танеска, Александара Таневски, Емилија и Стојче Тоциновски, Игор Поп Трајков, Аннели ди Франсоа (од Финска), Дарко Христов, академик Фехим Хусковиќ…
Виолета била промотор и во бројните нивни претставувања во земјата и надвор од неа: во дворецот Тракошќан,во Хрвстска, во Малме, Шведска, во македонските амбасади во Отава, Канада ,во Вашингтон, САД, во Париз,Франција, како и во Музејот во Улцињ, во Хрватскиот конзулат во Марибор, на бројните ликовни колонии (Лесново, Мариово -Будимирци, Чеплес,Крушево,Нерези, на манифестациите: Охридско лето, Скопско лето, како и во рамките на многубројните мултимефијални еко хепенинзи, перформанси, ликовни инсталации…
Промотор на книгата на Виолета Калиќ во Виена беше амбасадорот Освит Росоклија, кој со својата посвртеност длабоко проникна во интенцијата на авторот на ова издание и ги импресионираше присутните со длабоката опсервација и синтеза на разнообразните сегменти во својата исцрпна и аналитична рецензија.
Меѓу гостите беа претставници на дипломатскиот кор во Виена, членови на Мисијата на ОБСЕ, од архитектонското студио во Виена, како и бројни љубители на уметноста кои беа воодушевени од синергијата на уметничката експресија, преточена во поетиката на разнообразни изразни форми.