Австралија по првпат ќе вклучи прашања за сексуалната ориентација и пол во пописот на населението. Одлуката е донесена по повеќе од една недела расправи околу одлуката на левичарската Лабуристичка партија, која во август ги исклучи овие прашања.
Министерот за државно богатство, Џим Чалмерс, денеска објави дека пописот во 2026 година ќе вклучува прашања за сексуалната ориентација и пол, иако одби да ги наведе конкретните прашања, посочувајќи дека австралиската статистичка служба ќе ги развие подоцна.
Одговорите на прашањата нема да бидат задолжителни и ќе се поставуваат само на Австралијците постари од 16 години.
Ова ја поништува одлуката на владата донесена во август да се исклучат прашањата за припадност кон ЛГБТ заедницата од статистиката.
Велика Британија за првпат додаде незадолжително прашање за сексуалната ориентација во пописот на британското население во 2021 година.